„Радикал“: Рударите од Сома биле опремени со „маски на смртта“

Од:

Рударите во турскиот рудник за јаглен во градот Сома, каде при несреќа на 13 мај загинаа 301 лице, биле опремени со застраени маски за кислород, произведени во Кина, објавија денеска турските медиуми.

Весникот „Радикал“ наведува дека „маските на смртта“ што ги користеле рударите од Сома, биле проозведени пред 21 година и нивниот рок на употреба бил одамна изминат.

Рударите велат дека немале никаква помош од маските, кои имале кислород за едвај десетина минути. Правилата пропушуваат дека овие маски треба да имаат кислород за 120 минути.

Маските употребувани во рудникот во Сома во Кина чинат по 30 долари за парче, а при набавка на поголеми количини можат да се најадат и за цена од по 17 долари. За споредба, цената на ваква маска произведена во САД или Европа, во просек изнесува 345 долари, наведува весникот.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски