Радев побара од Шарл Мишел акциски план против миграцискиот бран врз копнените граници

Од:

Претседателот на Бугарија, Румен Радев во денешниот телефонски разговор со претседателот на Европски совет, Шарл Мишел побара усвојување на оперативен план за акција против миграцискиот бран врз копнените граници на Европската Унија.

Радев наведе дека заштитата на надворешните копнени граници на ЕУ е клучна за обезбедување на безбедноста на европските граѓани и избегнување на кризи во рамките на Унијата.

Радев и Мишел разговараа и за ескалација на тензиите во регионот на Блиски Исток, што е ризик за безбедноста на ЕУ и може да предизвика нов бран бегалци.
Бугарскиот претседател побара за овие прашања да се разговара во Европски совет.

Радев за зголемениот миграциски бран разговараше и со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и ја истакна потребата за зголемена поддршка од ЕУ на Грција и на Бугарија за заштита на надворешните европски граници.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори