Бугарскиот претседтаел Румен Радев денеска во кулоарите на Парламентот нагласи дека по секој неисполнет ангажман од пратениците растат предизвиците за следниот состав, јави БТА.
– Гледаме дека по секој неостварен парламент, предизвиците за следниот растат, а проблемите се натрупуваат. Затоа очекуваме народните избраници денеска да работат на решавање на овие проблеми, посочи и шефот на државата.
-Дури и многу фрагментиран парламент може да најде единство околу важните одлуки за земјата, изјави Радев.
Според него, најважно е денеска да се избере претседател на Народното собрание.
– Се консултирав со постари парламентарци, ваков случај не сме имале, изјави Радев по повод постапката за избор на претседател на новоизбраниот парламент.
На првото гласање за избор на претседател на Народното собрание на Бугарија денеска, ниту еден од четворицата предложени за функцијата не доби повеќе од половина од гласовите на присутните пратеници.
Извор: МИА