Радев: Среднорочно најголем проблем за Бугарија е инфлацијата, долгорочно – демографијата

Од:

На среден рок, најголем проблем за Бугарија е инфлацијата, долгорочно – демографијата. Тоа мислење го искажа претседателот на Бугарија, Румен Радев на форумот „Светот пред 2023 година“.

Тој истакна дека Бугарите имаат најниски лични заштеди во Европската унија.

„Разликата меѓу бруто домашниот производ по глава на жител меѓу Софија и последната општина е четири и пол пати, истакна Радев.

„Ова не е добро за една развиена европска земја, каква што тврди Бугарија“, додаде тој.

Според претседателот на Бугарија, големо прашање е до кога и како државата и европските институции ќе помагаат, јави БТА.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит