Радев: Бугарија има потреба од привремено решение до пристигнувањето на американските авиони „Ф-16 Блок 70“

Од:

Бугарскиот претседател, Румен Радев, на состанокот на Европската политичка заедница во Прага коментираше дека на неговата земја има потребна од привремена платформа на авиони ловци за да не се прекине воздушната и вселенската безбедност, јавуваат локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев одговори дали преодната бугарска влада побарала да купи 10 авиони „Грипен“ од Шведска до пристигнувањето на осумте борбени авиони „Ф-16 Блок 70“ од САД.

Радев изјави дека веќе се спроведува договорот со САД за набавка на осум плус уште осум нови авиони Ф-16. Тој посочи дека се испратени меморандумски писма, дека се одржуваат средби меѓу тимовите на министерствата за одбрана на САД, Франција, Шведска, Холандија и Израел.

Радев додаде дека не бараат половни авиони од компании, туку од министерствата за одбрана на овие земји.

Радев потсети дека уште во март, за време на самитот на НАТО, изјавил дека на Бугарија и треба овие авиони и дека овој проект почнал уште тогаш, бидејќи Бугарија не може да си дозволи да се откаже од заштитата на сопственото небо до пристигнувањето на американските авиони „Ф-16“.

Би можело да ве интересира

Во Софија протест против враќањето на хартиеното гласачко ливче во Бугарија

Ана Ололовска

„Демократска Бугарија” и „Промените продолжуваат” вечерва на протест пред бугарското Народно собрание

Ана Ололовска

Петков: Нема да предложам влада доколку се врати хартиеното гласачко ливче

Ана Ололовска

Радев до Руте: Оставањето на Бугарија надвор од Шенген зоната не е во интерес на Европската унија

Ана Ололовска

Бугарскиот технички премиер Гулаб Донев ја прими косовската претседателка Вјоса Османи

Ана Ололовска

Двајца бугарски министри во посета на Хаг поради Шенген

А1он