Радев: Бугарија го поддржува европскиот пат на Албанија, но побара почитување на правата на малцинствата

Од:

Бугарскиот претседател Румен Радев, кој престојува во дводневна официјална посета на Албанија, ја изрази силната поддршка на неговата земја за европскиот пат на Албанија.

– Мојата посета се случува во важен момент од гледна точка на перспективата на Западен Балкан. Сметаме дека Албанија е подготвена да ги започне преговорите за членство во ЕУ. Ние разбираме дека процесот е комплициран и долг, но подготвени сме да ја приближиме нашата помош, истакна Радев на заедничката прес-конференција со домаќинот, албанскиот претседател Илир Мета.

Сепак, според албанската новинска агнеција АТА, додал дека „почитувањето на правата на националните малцинства е услов за поддршката“.

– Националните малцинства да бидат слободни и да ги уживаат своите права е еден од нашите критериуми за поддршка. Убеден сум дека ќе бидеме сведоци на успешно донесување закони и спроведување на пописот на наслението на кој секој ќе може слободно да ја искаже својата националност, рекол Радев.

Мета изрази голема благодарност за пружената помош од бугарската држава по катастрофалниот земјотрес што ја погоди Албанија.

– Придонесот на бугарскиот тим беше многу професионален. Ја истакнав важноста на соработката во областа на граѓанските вонредни состојби, бидејќи заедно ќе се справиме со нив. Разговаравме и за соработката во областа на културата и образованието, размената на студенти. Со соработката во овие области, нашите односи ќе бидат поуспешни, рече Мета.

Двајцата претседатели разговарале и за можностите за унапредување на економската соработка, при што ги разгледале можностите за повторно воспоставување на авиолинијата Тирана – Софија, како и соработка преку пристаништата на двете земји.

Бугарскот претседател во текот на утрешниот ден, како што најави Мета, ќе посети дел од погодените подрачја од катастрофалнот земјотрес.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни