Путин во работна посета на Турција

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигнува во работна посета на Турција, каде заедно со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ќе претседаваат со третото заседание на Турско-рускиот совет за стратешка соработка.

Дипломатски извори изјавија дека сирискиот конфликт ќе биде главна тема во тет-а-тет разговорите меѓу Ердоган и Путин. И покрај несогласувањата меѓу Турција и Русија, двете страни прават големи напори за поддршка на соработката и размена на информации, посебно во меѓусебната трговско-економска соработка, која се развива многу добро, тврдат експерти.

Годишната стокова размена меѓу Турција и Русија изнесува 35 милијарди долари и се планира до 2015 година да достигне 100 милијарди. Русија ќе ја гради првата нуклеарна централа во Турција, во вредност од 20 милијарди долари. Турција е вториот по големина купувач на руски гас.

Во Истанбул вчера пристигна руска делегација, предводена од министерот за енергетика Александар Новак, која ќе разговара со турските претставници за енергетската соработка, која зазема многу важно место во меѓусебните односи.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов