Путин: Томо, поздрави го Борис

Од:

На средбата во Москва на рускиот и српскиот претседател, Владимир Путин му ветил на Томислав Николиќ дека може да смета на руската помош во реализација на својата политика.

Разговорот бил десетина минути пред новинарските екипи, а потоа продолжил во четири очи.

Путин го замолил Николиќ да му исполни како што рече една необична молба.

„Знам дека Тадиќ беше ваш противник во кампањата. Но бидејќи јас соработував со него во изминативе години би Ве замолил да го поздравите и да му ги пренесете моите најдобри желби за неговата идна кариера“, рече Путин.

Николиќ се заблогодарил на руската поддршка, посебно за прашањето на Косово да остане во рамките на Србија.

„Ве уверувам дека соработката меѓу Србија и Русија ќе тече прогресивно. Ве уверувам дека Србија е партнерот на Русија на Балканот. Србија е на пат кон ЕУ. Тоа е далечен и неизвесен пат. Ние ќе ја уредуваме земјата по правилата кои постојат во ЕУ, рече Николиќ.

Новоизбраниот српски претседател кажа дека не слушнал дека постои некаков услов за прознавање на Косово и додаде:

„Ние тоа не можеме да го направиме, па макар и во тој момент да ги прекинеме преговорите“, рече Николиќ.

Николиќ кажа дека Србија е воено неутрална и нема да биде во НАТО.

Од своја страна рускиот претседател повика на позачестени средби на двајцата преседатели и на многу поголема економска соработка.

Би можело да ве интересира

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Фараж со апел до Трамп: Путин не смее да победи