Пусиќ ја промовираше кандидатурата за генерален секретар на ОН

Од:

Претседателката на Хрватската народна партија (ХНС) и поранешна министерка за надворешна и европска политика на Хрватска, Весна Пусиќ денеска официјално ја промовираше кандидатура за генерален секретар на ОН и отвори своја веб страница.

Новиот генерален секретар на ОН оваа година ќе биде именуван од страна на Генералното собрание на Светската организација по предлог на Советот за безбедност.

Поранешниот хрватски премиер Зоран Милановиќ ја поднесе кандидатурата на Весна Пусичќ на почетокот на ноември минатата година, а одлуката за тоа е донесена на затворениот дел на седницата на Владата два месеци претходно.

Проблемот бил создаден поради тоа што ОН како валидни ги призна само кандидатурите кои пристигнаа по 15 декември минатата година, односно од денот кога на членките им беше испратена официјална покана за пријави, пренесуваат хрватските медиуми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски