Пукање во Тузла: Едно лице убиено во населбата Миладије

Од:

Едно лице е убиено во пукотница што се случи синоќа во населбата Миладије во Тузла, соопшти денес локалната полиција.

Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон потврди дека пукотницата се случила околу 22.45 часот, објавува порталот „Кликс“. Според неофицијални информации, на пукотницата ѝ претходела расправија меѓу двајца мажи, по што било употребено автоматско оружје. Еден од учесниците во конфликтот бил убиен.

Местото на инцидентот го истражувaaт припадници на Одделот за криминалистичка полиција на Полициската управа во Тузла, а надлежните органи продолжуваат да работат на утврдување на сите околности на овој случај.

Би можело да ве интересира

Се урна хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко, тројца загинати

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Париз: Маж пукаше со автоматска пушка, има мртви и ранети

Мамдани најави истрага за пукањето во Бронкс

Пукање во Норвешка: Има загинати

Предраг Петровиќ

Селф: Не е исклучена можноста за распад на БиХ

Босанец (29) со нож и пиштол им се закануваше на минувачи кај Колосеумот во Рим

А1он