Прв отказ поради одбиена вакцина – наставник во Хрватска остана без работа

Од:

Поради непочитување на мерките, првиот отказ во Хрватска го доби наставник во Техничкото училиште во Бјеловар.

Не дошол на работа од средината на минатиот месец, бидејќи одбил да се вакцинира, но и да се тестира за коронавирус, пишува загрепски Јутарњи лист.

На отказот наводно му претходеле две предупредувања пред отказ. Директорот на училиштето Дарио Малагорски изјави дека наставничкот кој е отпуштен не ги поддржувал епидемиолошките мерки.

„Морам да кажам дека мојот колега не правеше скандали, не се закануваше, не дојде пред училиштето, едноставно не се согласуваше со воведената мерка и од нивното воведување ниту еднаш не дојде на работа“, рече Малагорски.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер

Евакуација на училишта во Хрватска, добиле закани за бомби