Протести низ Бугарија: „НАТО надвор“

Од:

Во центарот на Софија се одржа масовен протест против учеството на Бугарија во операциите на Северноатлантската алијанса.

Демонстрантите извикуваа „Бугарија е зона на мирот“, „Сакаме мир, а не војна!“ и „НАТО надвор!“. Тие порачаа дека Бугарија не треба да учествува во воени конфликти, дека треба да се затворат воените бази на НАТО и да се зачува суверенитетот на земјата. Тие, исто така, ја повикаа владата да одбие да испорача оружје на Украина.

Протести се одржаа во педесетина градови низ земјата, додека најголем беше во Софија. Демонстрантите се собраа пред Националната палата на културата, а потоа шетаа низ главните градски улици кон зградата на Владата, претседателската администрација и Парламентот.

Илјадници луѓе потпишаа петиција за организирање референдум „за мир и суверенитет“. Тие го изразија своето верување дека тоа ќе помогне „да се заштити земјата од вовлекување во војна“. Иницијативата има за цел да им овозможи на граѓаните на Бугарија сами да изберат каква ќе биде нивната иднина.

Следните протести под името „Бугарија – зона на мирот“ треба да се одржат за еден месец, поточно на 21 мај.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Приведен е старецот кој со нож ги нападна студентите во Нови Сад

А1он

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

ВИДЕО: Демонстрантите во Нови Сад удираат и понижуваат постара жена