Протест во Пеќ против албанската Влада затоа што „му помогна на Груевски да побегне“

Од:

Членови на семејствата на осудените за настаните во Куманово во мај 2015 година протестираат утрово во Пеќ со барање за нивно ослободување и со обвинувања на поранешниот македонски премиер Никола Груевски за споменатите настани.

Протестот се одржува пред хотелот „Дукаѓини“, каде што се одржува заедничката седница на Владите на Косово и Албанија, а насобраните носат пароли во кои прашуваат „Каде е сега Никола Груевски“ и „Каде останаа момчињата од кумановската група“. Освен тоа, има и написи со кои се потсетува албанскиот премиер Еди Рама дека „Груевски побегна преку Албанија“.

– Срамно е за албанската Влада што му помогна на Никола Груевски да побегне од Македонија преку Албанија, а никогаш не покажа грижа за оние што се во затвор за настаните во Куманово, изјави Шихрете Зека, мајка на Ваљдет Зека, еден од осудените во кумановскиот случај.

За настаните на 9 и 10 мај 2015 година, во кои загинаа осуммина припадници на македонската полиција и 14 припадници на кумановската група, во ноември минатата година беа осудени вкупно 33 лица, од кои седуммина со доживотен затвор, а останатите со затвор од 12 до 40 години.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно