Протест на ЛГБТ од Србија за подршка на пријателите од Македонија

Од:

Протест пред зградата на македонската амбасада во Белград одржа ЛГБТ заедницата на Србија.

Како што пренесе `Тв Новине` член на организацијата `Лабрис`, истакна дека Македонија е земја каде најмалку се почитуваат правата на ЛГБТ заедницата.

„Во овој дваесетминутен протест ние му предадовме писмо со нашите јавни барања на господинот амбасадор, кој лично не ги зема, но ќе му биде со сигурност лично врачено. Ова е симболична акција на регионално ниво, а вакви протести се одржаа изминатата недела во Тирана, Загреб со цел да се подобрат правата на ЛГБТ заедницата во Македонија, кои се катастрофални. Голема е кампањата против лицата со истополова сексуална ориентација во Македонија, не верувам дека медиумите во Македонија за овој настан овде, ќе известат или ќе упатата некаква порака, демант или извинување за „онаа“ насловна страна во еден дневен весник. Ситуацијата со медиумите во Македонија е загрижувачка не само по ова прашање, многу сензационализам е присутен во сите нивни известување“, рече Јованка Тодоровиќ, член на организацијата `Лабрис`.

Би можело да ве интересира

Ралф Шумахер за своето момче: Некои работи не сум ги доживеал досега

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Грција, прва православна земја која дозволи истополови бракови – Лидерот на СИРЗА прослави во Геј бар

Анита Петровска Рајковиќ

По 10-годишна пауза во главниот град на Естонија се одржи геј парада

Ана Ололовска

Германскиот Бундестаг ги легализираше истополовите бракови

Ана Ололовска

Меркел подготвува терен за истополови бракови во Германија

Ана Ололовска

Сириски бегалец-хомосексуалец обезглавен во Турција

Емир Латифовиќ