НМХТ: Граѓаните да им пишат мејлови на премиерот и на министрите јавно да ја осудат хомофобијата

Од:

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ) најостро го осуди нападот врз „Дамар“ во Старата скопска чаршија на прославата на втората годишнина од отворањето на ЛГБТИ Центарот за поддршка.

НМХТ упати итни барања до премиерот, јавниот обвинител и до министерката за внатрешни работи за разрешување на насилството врз ЛГБТИ заедницата и нивните поддржувачи за брза разрешница и јавна осуда. Исто така, ги повикуваат сите граѓани, партнери, соработници, поборници за човекови права, како и претставниците од меѓународната заедница, да им пишуваат мејлови на премиерот ([email protected]), на министерката за внатрешни работи (Шеф на кабинет на Министерката [email protected]) и на јавниот обвинител ([email protected]) и да побараат од нив да ги исполнат барањата кои имаат цел да креираат безбедна средина и живот без насилство и омраза за сите луѓе, вклучувајќи ги и припадниците на најранливите групи во општеството.

„Бараме јавна осуда од премиерот, министерката за внатрешни работи и министерот за правда за хомофобичното насилство од омраза против ЛГБТИ луѓето во Македонија. Бараме брзо разјаснување на случајот, откривање на сторителите и ефикасна судска постапка за насилство, предизвикување општа опасност и расна и друга дискриминација преку прогонување на организации или на поединци поради нивното залагање за рамноправност на луѓето. Бараме разјаснување, откривање на сторителите и покренување на судска постапка против сторителите на предходните напади врз ЛГБТИ Центарот за поддршка во Старата скопска чаршија. Бараме отворање на кривична истрага за говорот на омраза кој следеше на социјалните мрежи по нападот и за предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа против медиумите кои пред настанот објавуваа содржини со говор на омраза и повици на насилство против ЛГБТИ луѓето“, пишува во соопштението на Мрежата против хомофобија и трансфобија.

Во соопштението тие информираат за континуираните неразрешени насилства и бараат граѓаните да се приклучат на нивните барања за заштита на човековите права на ЛГБТИ лицата.

„На 23.10.2014, во 21 часот и 30 минути, група од околу триесет млади луѓе, молскавично и во стампедо во трк пристапија од двете страни на улицата на која гледа кафе барот Дамар, каде ЛГБТИ Центарот за поддршка – Хелсиншки комитет за човекови права ја прославуваше двегодишнината од своето постоење. Насилниците маскирани со качулки на главите, вооружени со стаклени шишиња и други тврди предмети го каменуваа објектот и исто толку брзо исчезнаа во околните улички. Во моментот на настанот, во кафе барот Дамар имаше повеќе од шеесет лица, од кои едно момче и една девојка се наоѓаа надвор од објектот, пред влезната врата на кафе барот. Групата ги нападна со стаклени шишиња и со удари во пределот на главата и телото со што им нанесе телесни повреди. Додека ги удирале, напаѓачите постојано им кажувале дека треба да си одат од тука и дека тука нема место за педери. Неколку од лицата кои се наоѓаа во внатрешноста на кафе барот се здобија со помали расекотини од разлетаните парчиња стакло“, велат од Мрежата.

Тие потсетуваат дека ова е шести напад врз ЛГБТИ Центарот и неговите активности во текот на неговото двегодишно функционирање, од кои три каменувања (две за време на јавни настани додека во објектот имаше посетители) и три обиди за палење на поранешните канцеларии на Центарот. Со исклучок на нападот врз ЛГБТИ Центарот од 02.03.2013 година, кој беше дел од поголеми протести со меѓуетнички предзнак, за сите други случаи истрагата е се уште во тек.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Грција, прва православна земја која дозволи истополови бракови – Лидерот на СИРЗА прослави во Геј бар

Анита Петровска Рајковиќ

По 10-годишна пауза во главниот град на Естонија се одржи геј парада

Ана Ололовска

Германскиот Бундестаг ги легализираше истополовите бракови

Ана Ололовска

Меркел подготвува терен за истополови бракови во Германија

Ана Ололовска

Сириски бегалец-хомосексуалец обезглавен во Турција

Емир Латифовиќ

Десетици илјади лица учествуваа на геј парада во Тел Авив

Емир Латифовиќ