ВИДЕО: НЕ на хомофобијата, омразата и дискриминацијата!

Од:

Четири години по донесувањето на Законот за спречување од дискриминација, потребата за заштита на ЛГБТ заедницата од дискриминација и насилство е сé поочигледна. Имено, Комисијата за заштита од дискриминација заклучува дека ЛГБТ популацијата е жртва на дискриминација мотивирана од омраза, сторена преку изјави или однесувања на поединци со кои се нарушува достоинството на едно лице или група на лица. Во 2013 година, Македонија доби 13% на Rainbow мапата на ИЛГА-Европа, односно најниска оцена во регионот за состојбата на човековите права на ЛГБТ лицата.

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија прв пат на јавен простор во Македонија, оваа година ќе го одбележи Интернационалниот ден за борба против хомофобија на 18 мај (недела) во Градскиот Парк. Од пладне до 16 часот во градскиот парк активистите од Мрежата ќе организираат јавен настан на кој ќе побараат измени и дополнувања на анти-дискриминацискиот закон со внесување на сексуалната ориентација и родовиот идентитет во членот 3 меѓу останатите основи на дискриминација.

Имено, Законот за спречување и заштита од дискриминација донесен 2010 година како основи за дискриминација во член 3 не ги содржи сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Законот во оваа форма беше предмет на дебата и предизвика реакции на незадоволство на здруженијата кои ги застапуваат правата на ЛГБТ заедницата и нивните поддржувачи. Исто така меѓународната јавност посочи на потребата од јасно дефинирање на сексуалната ориентација и родовиот идентитет како дискриминаторски основи со што би се овозможила недвосмислена заштита на ЛГБТ лицата.

Активистите за ЛГБТ права ги повикуваат сите граѓани и граѓанки да се приклучат на настанот, да се забавуваат со DJ сетовите на Соња Исмаил, Зоки Бејбе и Мирко Попов и заедно да кажат НЕ! на хомофобијата, трансфобијата, дискриминацијата, говорот на омраза и насилството врз лезбејките, геј мажите, бисексуалците, трансродните и интерсексуалните луѓе.

А.Б.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Грција, прва православна земја која дозволи истополови бракови – Лидерот на СИРЗА прослави во Геј бар

Анита Петровска Рајковиќ

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ

Костадин Костадинов влезе во војна со ЛГБТ организациите: Струмица излепена со „пречкртано виножито“

Орце Костов

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он