(ВИДЕО) Пировска: Власта сака да го чува бракот, а воведува вонбрачна заедница

Од:

Уранија Пировска, претседател на Хелсиншкиот комитет реагираше што уставните измени се носат во моментот кога опозицијата не е во парлементот, со што е избегната вистинската дебата.

-Во неколку наврати слушнав дека е одличен моментот за да се измени Уставот, дека постоел широк консензус и дека сето ова било за добро на граѓаните. Одличен, верувам, во отсуство на опозицијата и на вистинска дебата, рече Пировска во Собранието каде се одржува јавна расправа за предложените уставни измени.

-Амандманот за бракот претрпе измени во текот на летниот период, за што дел од пратениците се почувствуваа изманипулирани, зошто првиот предлог беше само со дефиниција на бракот, но не и на вонбрачната заедница, рече Пировска и посочи на контрадикторноста на предложениот амандман со оглед дека државата го дефинира и го заштитува бракот, а од друга страна ја дефинира и вонбрачната заедница.

-Ако се сака да се зачува бракот како институција, логично е прашањето-зошто се воведува вонбрачната заедница? Сакате да навлезете во сите области и релации, и всушност ова е само заштита на хетеросексуалната заедница, рече Пировска.

Во однос на уставните измени за Судскиот совет, Пировска сугерираше да се воведе праксата од Италија за задолжително 15 годишно искуство за судиите во советот.

-Каков што е начинот на изборот на судиите можеби треба да има уште ваков услов, за да се гарантира професионалноста на судиите, посочи таа.

Според Пировска спорно е и тоа што за второстепеноста на одлуките на Судскиот совет надлежен ќе биде Уставниот суд, поточно начинот на кој беа избрани судиите таму.

-Дали ова може да се очекува од Уставниот суд, во услови кога е спорно на кој начин се избрани неговите членови, кога не ги почитува своите претходни одлуки, кога ги затвори седниците за јавноста? Во неколку наврати слушнав дека се чекало да се добие мислењето на Венецијанската комисија, но токму тој Уставен суд не го прифати мислењето на Венецијанската комисија кога се работеше за Законот за лустрација. Уставната жалба е крупна реформа, и кога една држава пристапува кон уставна жалба треба да има механизам кој ќе гарантира дека нема да се пролонгира многу постапкатата за заштита на човековите права. За да може ова да функционира треба да се имаат зголемен капацитет и ресурси, но според буџетот за 2015 година тоа не е показател, односно јасно е дека се работи само за декларативна заложба за заштита на човековите права, рече Пировска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Грција, прва православна земја која дозволи истополови бракови – Лидерот на СИРЗА прослави во Геј бар

Анита Петровска Рајковиќ

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ

Костадин Костадинов влезе во војна со ЛГБТ организациите: Струмица излепена со „пречкртано виножито“

Орце Костов

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он