Проширувањето на ЕУ за Западен Балкан не треба да чека подобри времиња

Од:

Проширувањето на Европската унија за земјите од Западниот балкан не смее да биде замрзнато за некои подобри времиња, кога ќе помине кризата, бидејќи тоа е една од најуспешните политики на Унијата.

Тоа е заклучокот од вчерашната Меѓународна конференција „Прашки дијалог за проширување“ на која покрај домаќинот, шефот на чешката дипломатија Карел Шварценберг присуствуваа и еврокомесарот за проширување Штефан Филе, потпретседателката на Владата на Србија за европска интеграција Сузана Грубјешиќ и хрватската министерка за надворешни работи Весна Пусиќ.

Главна цел на меѓународната Конференција е оценување на перспективата на понатамошното проширување на ЕУ во контекст на актуелната стратешка дебата за иднината на ЕУ.

Првиот панел од акцијата беше посветен на општиот политички аспект ма процесот за проширување, додека вториот панел на кој беа најавени трговски и стопански претставници на Македонија, Турција и Чешка е посветен на економскиот придонес од проширувањето, неговото позитивно влијание на трговијата и стопанските услуги.

Според Штефан Филе, процесот за пристапување на сегашните кандидати во ЕУ може да биде поспор, бидејќи Унијата кај нив за разлика од претходните проширувања сака да види и примена, а не само усвојување на законите и усогласување со европската легислатива. – Кај земјите во транзиција се покажа дека треба да се внимава кај процесот на имплементација на законите. Црна Гора е прва земја која така ги почнува преговорите, додаде Филе.

Тој нагласи дека ЕУ не сака да увезува нови проблеми и дека настојува да има гаранции дека новопримените членки нема да го блокираат приемот на своите соседи. Европскиот комесар исто така предупреди дека ЕУ не може да го замрзне процесот за проширување додека не дојдат ,,подобри времиња или знаци на просперитет”. Но додаде дека е тешко да се одреди која од земјите кои чукаат на европската врата кога ќе можат да влезат во Унијата.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа