Пропаднаа разговорите Белград-Приштина, Вучиќ и Курти си ја префрлаат вината

Од:

Со неуспех завршија денешните разговори меѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ, а по средбата во Брисел, двајцата меѓусебно се обвинија за неприфаќање на понудените точки.

Косовскиот премиер, во изјава за новинарите рече дека не тврдел оти српскиот народ е геноциден, туку дека српската држава низ историјата повеќепати вршела геноцид врз Албанците.

„Ова не е првото злосторство и првиот геноцид. Имаме долга историја во која Србија како држава… не Србите, јас никогаш не велам дека Србите се геноциден народ. Јас велам дека Србија како држава извршила геноцид, дека институционалното водство на Србија е одговорно за геноцид“, изјави Курти.

Од друга страна, Вучиќ рече дека тој не ги одбил денеска предложените точки, туку Курти, а тоа, според него, ќе го потврдат и европските претставници.

„Сите три ставки сѐ што пишува овде, Србија стоотстотно го прифати. Албин Курти ве излажа, затоа што бараше во сето тоа да се вметне дека Србија се соочува со минатото, со геноцид од 1878 година, па сѐ до 1999 година. И тој тоа го знае, тоа ќе ви го потврдат и претставниците на ЕУ“.

Вучиќ рече и дека го слушнал Курти како на новинарите им рекол дека Србија извршила геноцид и во Куршумлија и во Лесковац. Запрашан како одговорил на тие обвинувања, српскиот претседател за Н1 изјави дека одговорил „сериозно и аргументирано“, затоа што смета дека „малку подобро знае историја и географија од Курти“.

„Посебно се концентрирав на Втората светска војна и на нивната улога во нацистичкото движење и на сето она што му го правеа на српскиот народ и на сите кои биле антифашистички ориентирани“, рече Вучиќ.

Курти во неговата изјава рече дека тој на Вучиќ му подарил три книги, а за возврат добил три навреди, а тоа го негираше претседателот на Србија, кој рече дека денеска, за разлика од минатата средба со Курти, не бил остар, туку само одговарал со аргументи на невистините кои ги изнесувал косовскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Фицо: Словачка никогаш нема да ја изневери Србија по прашањето за Косово

Вучиќ: За прв пат во историјата на Србија, двајца министри поднесоа оставки

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски