Продолжува судскиот процес за најголемата експлозија во рудник во историјата на Турција

Од:

Во турскиот округ Маниса денеска продолжува судскиот процес во врска со експлозијата во рудникот за јаглен во градот Сома, која се случи во мај минатата година при што загинаа 301 работник, а над 160 беа повредени.

Првото рочиште се одржа во понеделникот, кога се зголеми тензијата во судницата откако властите одлучија осуммина од главните обвинети да не присуствуваат во салата поради безбедносни причини, поради што адвокатите и роднините на жртвите изразија незадоволство.

На генералниот директор на компанијата-оператор на рудникот „Сома холдинг“, Џан Ѓуркан и уште седуммина обвинети им се заканува доживотна казна затвор, вклучувајќи и обвинение за убиство. Останатите 37 обвинети се очекува да добијат помали казни.

Несреќата во рудникот Сома предизвика јавно незадоволство и протести, при што компанијата беше обвинета за небрежност, а власта дека дозволува нарушување на стандардите за заштита при работа. 

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски