Продолжува борбата со поплавите во Хрватска, БиХ и Словенија

Од:

Борбата со поплавите во Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија продолжува и денеска, а нивото на реките по поројните дождови вчера се уште е опасно високо, јави Танјуг.

Во Хрватска високо приливен бран го одмина градот Карловац и опасноста се помести од западните кон централните делови на земјата.

Сега најзагрозен е реонот на градот Сисак, каде во следните десетина часа се очекува да се сретнат водите на надојдените реки Купа и Сава. За борба против поплавите се ангажирани 700 војници. Продолжува евакуацијата на болни луѓе од загрозените реони.

Во северниот босански град Приједор се поплавени околу 250 станбени згради, но нивото на реката Сана постепено почнува да опаѓа. Населението продолжува да става вреќи со песок, а прави насипи и да ја испумпува водата од поплавените згради, а спасувачките екипи ги евакуираат со чамци жителите на поплавените подрачја.

Во Словенија вчера и денеска беа поплавени околу илјада објекти, особено во централните и источните делови на земјата, а поројните дождови активирале над 240 свлечишта.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Каја Калас доаѓа во прва официјална посета на Балканот, Скопје не е на списокот

Горан Наумовски

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Излеаната Маркова Река направи проблеми во Студеничани, Батинци, Пинтија, Горно и Долно Лисиче

Горан Наумовски

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“