Продолжен полицискиот час во Албанија, можен и викенд-карантин

Од:

Комитетот на експерти за справување со пандемијата со Ковид-19 информираше дека во Албанија продолжуваат без определен рок ограничувачките мерки за спречување на понатамошното ширење на опасниот вирус.

-Останува забраната за собири со повеќе од 10 лица на отворени и затворени места, забраната за партиски состаноци,собири и митинзи. Забрана за конференции, празнични церемонии, свадбени церемонии и настани, како и погреби надвор од семејството.Овие забрани ќе важат до следна наредба, информираше Комитетот.

И понатаму останува во сила одлуката за полициски час од 22:00 до 6:00 часот, освен за службите за итни потреби и медиумите, останува и ограниената работа на угостителските објекти освен за деливери услуги.

Полицискиот час беше воведен на 11 ноември за период од три недели, но поради влошената епидемиолошка состојба тој продолжува и натаму.

Наставата во универзитетите и работата на администрацијата ќе продолжи онлајн, како и комбинираната настава во основното и средното образование.

На прашањето дали се предвидува карантин за време на викендот, претседателката на комитетот и заменик министерка за здравство и социјална заштита, Мира Рајкацоли рече дека за воведување таква мерка не е разговарано но не ја отфрли можноста за тоа доколку се влоши состојбата.

-Ова не е споменато во денешната одлука. Она што го кажавме останува. Ако има други влошувања на епидемиолошката состојба во следните мерки може да биде ова, може да биде друго. Но, оваа мерка не беше дискутирана, рече Ракацоли.

Вчера во Албанија беше регистрана рекорна бројка на новозаразени ,односно 832 лица што е 38 отсто од тестираните. Во исто време 535 ја добија битката со опасниот вирус, додека починаа 12 лица сите во болнички услови. Во четирите ковид болници беа хопситализирани 506 пациенти

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он