Приземјен авион што летал од Прага за Сплит, имало дојава за бомба

Од:

Патнички авион на авиокомпанијата „Смартвингс“, кој летал на релација Прага-Сплит, денеска е приземјен на аеродромот во хрватскиот град, поради предупредување за поставена бомба, јави Н1.

„Авионот што летал од Прага за Сплит е приземјен во Сплит со известување на пилотот за вонредна состојба, потврди Хрватската контрола на воздухопловната навигација.

Контролата не ги објаснува причините за прогласување вонредна состојба, но како што јави Н1, авионот бил приземјен поради предупредување за бомба.
Кога авионот влегол во хрватскиот воздушен простор, пристигнала дојава за бомба. Авионот е приземјен на аеродромот во Сплит, а сите патници се проверуваат.

„Можеме да потврдиме дека авионот на релација Прага – Сплит слета на аеродромот во Сплит и дека извештајот што го добивме се проверува во согласност со стандардните оперативни процедури. Авионот е одвоен, сите патници го напуштија и сите теренски услуги се во тек. Аеродромот не е затворен за сообраќај“, велат од хрватското МВР.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

Авион мораше итно да слета, патниците врескале: екипажот пријавил необично животно во моторот

Предраг Петровиќ

Најголемиот страв на Џенифер Анистон: „Одев дури и на хипноза…“

Предраг Петровиќ

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он