Привразаниците и противниците на Ердоган во очекување на неговата посета на Келн

Од:

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се очекува да говори денеска на митинг, на кој ќе учествуваат повеќе илјади негови приврзаници на затворен стадион во западниот германски град Келн, додека неговите противниците подготвуваат протести, јави ДПА.

Организаторите, Сојузот на европските турски демократи, очекуваат илјадници поддржувачи на Ердоган да се соберат во Ланксес Арената, која има капацитет да собере 20 илјади лица, а која се наоѓа на десниот брег на реката Рајна.

Истовремено во градот се очекуваат над десет илјади противници на Ердоган, претежно Турци, кои ќе протестираат против него. Полициските единици за борба со немири ќе распоредат свои сили, за да спречат евентуални судири меѓу приврзаниците и поддржувачите на Ердоган.

– Тоа што реката ги дели двете групи ни е во прилог, но нема да биде лесно, изјави градоначалникот на Келн, Јурген Ротерс.

Ротерс, кој е член на левоценстристичката Социјалдеоратска партија го повика Ердоган да си остане дома.

– Стравувам дека тие ќе направат конфликт во нашата земја, изјави тој.

Турците се најголемо етнично малцинство во Германија. Околу 1,6 милиони германски државјани се Турци, а уште толку имаат турско потекло.

Според турските медиуми можно е Ердоган да го искористи овој настан за да ја објави својата кандидатура за претседателските избори.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски