Приштински медиуми: Јахјага во Белград на 1. ноември

Од:

Косовската претседателка Атифете Јахјага би требало да дојде во Белград на 1. ноември, јави Танјуг.

Според приштинските медиуми, на Јахјага и пристигнала покана да учествува на трилатералниот состанок што во Белград ќе го организира Европската комисија.

Портпаролот на претседателката на Косово Арбер Влахиу потврди дека од ЕК пристигнала покана за Јахјага во нејзиниот кабинет.

– Поканата пристигна и во моментот се разгледува можноста за посета на Јахјага на Белград, рече Влахиу, додавајќи дека официјална одлука се уште не е донесена.

На трилатералниот состанок, како што пренесува порталот „Телеграф“ на албански јазик, поканети се и српскиот премиер Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама. 

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија