Претседателските избори на Кипар закажани за 17 февруари

Од:

Претседателските избори во Република Кипар ќе се одржат на 17 февруари, а доколку е потребен и втор круг тој е закажан за 24 февруари, соопшти денеска кипарското Министерство за внатрешни работи.

Министерството наведува дека 18 јануари е крајниот датум за поднесување на кандидатурите.

Актуелниот кипарски претседател Димитрис Христофиас изјави дека нема да се кандидира за втор мандат.

Досега кандиатури за изборите поднесоа лидерот на Демократскиот собир ДИСИ, Никос Анастасиадис, кој во анкетите води пред останатите кандидати и има најголеми шанси за победа.

По него според анкетите се Ставрос Малас, поддржан од левата партија АКЕЛ, Јоргос Лиликас, поранешен министер во владата на Тасос Пападопулос, зад кој стојат социјалдеморатите од ЕДЕК, лидерката на Обединетите демократи Праксула Андониаду и професорката Макарија Андри Стилиану, која најави дека на изборите ќе учестува како независен кандидат.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар