Претседателот на управниот совет на весникот „Џумхириет“ останува во притвор

Од:

Претседателот на управниот совет на турскиот опозициски весник „Џумхуриет“, Акан Аталај, кој во петокот беше приведен на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, по наредба од судот ќе остане во притвор, пренесе ДПА,  повикувајќи се агенцијата Анадолија.

Аталај беше уапсен на аеродромот на враќање од пат во Германија. Тој е обвинет дека работел во корист на терористичка организација.

Деветмина новинари и претставници на раководството на весникот минатата недела беа притворени во рамки на истрагата за „терористички активности“. Тие се обвинети за извршување кривични дела во корист на курдските бунтовници и терористичката организација на Фетула Ѓулен (ФЕТО).

„Џумхуриет” остро го критикува претседателот Реџеп Тајип Ердоган и објавува материјали за испораката на оружје од Турција во Сирија, забележа ДПА.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски