Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во посета на Тирана

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска ќе престојува во работна посета на Албанија.

Тој ќе се сретне со премиерот Еди Рама, со кого потоа ќе одржат заедничка прес конференција, а потоа првиот човек на Европскот совет ќе отпатува за Скопје.

Посетата на Мишел на Албанија доаѓа една недела по посетата на еврокомесарот за соседска политика и преговори, Оливер Вархеји и очекувањата за добвање одлука за започнување преговори со ЕУ.

Вархеји во Тирана ја повтори позитивниот став на Комисијата за започнување преговори со Албанија и со Северна Македонија. Посочи дека се надева преговорите да почнат пред Самитот во Загреб.

Мишел во Тирана доаѓа и во пресрет на донаторската конференција за санирање на последиците од разорниот земјотрес што ја зафати земјата утрото на 26 ноемви минатата година. Конференцијата ќе се одржи во Брисел на 17 февруари.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски