Претседателот на Академијата на науките на Албанија против промена на границите

Од:

Претседателот на албанската Академија на  науките, Музафер Коркути е против изјавата на премиерот Еди Рама  за обединување на Албанија и Косово.

Акамедик Коркути вели дека изминало времето на поместување на границите и оти е потребно да се оди заедно кон Европа.

– Јас ќе го цитирам кажаното од страна на претседателот на Германија Ваисекер во почетокот на 90-тите години. Еден колега го запраша  што тој мисли за Косово зашто  беше заинтересиран да чуе нешто повеќе од една личност каква што беше Ваисекер во тоа време.Тој му одговори: види границите се тука, граничните камења кои ја обелужаат границата се тука.

– Овие камења ќе појдат под земја и Албанците од Косово и Албанците од Албанија ќе одат и ќе идат од културен и еконоски аспект, но овие камења ќе бидат таму долу во земјата, што значи не станува збор за  поместување на границите. Значи тоа е решението, тоа е патот на Европа, значи пат кон обединета Европа а не кон поместување на овие граници, изјавил Коркути за телевијзата А1 рапорт.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент