Милановиќ: Израел е предводен од криминална клика, тие сакаат да го вовлечат светот во војна

Од:

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денес изјави дека Израел во моментов е предводен од криминална клика, која сака да го вовлече светот во војна.

Коментирајќи ја ситуацијата на Блискиот Исток, Милановиќ им рече на новинарите во Загреб дека неговиот став за моменталната ситуација на Блискиот Исток е различен од оној на владејачката партија и премиерот Андреј Пленковиќ.

„Израел во моментов е предводен од криминална клика и сака да го вовлече светот во војна“, изјави Милановиќ пред новинарите во Загреб.

Порано денес, за време на отворениот дел од седницата на Владата, Пленковиќ изрази длабока загриженост за новата ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, нестабилноста во регионот и последиците што овој конфликт може да ги има многу пошироко, а кои се однесуваат на порастот на цените на нафтата и можните нови мигрантски бранови.

„Сите овие се теми што се директно поврзани со сите нас, иако се чини дека овие конфликти се далеку“, рече Пленковиќ.

Веруваме, рече тој, дека треба да се вложат пошироки дипломатски напори од страна на сите главни актери на меѓународната заедница, особено Меѓународната агенција за атомска енергија во контекст на иранската нуклеарна програма, и дека во целиот овој контекст треба да се вложи напор за наоѓање решение што би довело до решение за две држави.

Би можело да ве интересира

Во морето кај Иж пронајдено телото на шефот на задарската Урологија

Нетанјаху: Нема да се повлечеме од Газа додека Хамас не се разоружа

Аракчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД

Нетанјаху одобри реконструкција на дел од Појасот Газа кој не е под контрола на Хамас

Ирански медиум тврди: Моџтаба Хамнеи може да почине во секој момент

Хорор на плажа во Хрватска: Дрво падна врз капачите, меѓу повредените има и деца