Престојот во Албанија на 2.100 Авганистанци продолжен за шест месеци

Од:

Албанската Влада денеска донесе одлука со која за уште 6 месеци се продолжува важноста на дозволата за престој за авганистанските државјани сместени во оваа земја.

Минатата година во Албанија, привремено, беа засолнети 2.400 Авганистанци чии животи биле загрозени од Талибанците кои дојдоа на власт.

Многу мал процент од нив заминаа во САД а уште 2.100 престојуваат во пристанишните градови Шенѓин и Драч, чекајќи виза.

Албанија беше меѓу првите земји кои понудија да ги примат авганистанските граѓани кои беа принудени да ја напуштат својата земја поради заканата од Талибанците. Албанските власти изразија подготвеност да сместат до 4 илјади луѓе.

Инаку, од почетокот на рускиот напад врз Украина, пред шест месеци, повеќе од 3.000 украински граѓани прибежиште нашле во Албанија.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек