Предупредување за нови поплави во Словенија

Од:

Словенечката Агенција за заштита на животната средина издаде предупредување за нов бран поплави, поради силните дождови, кои се очекуваат во западните, централните и северните делови на Словенија.

Агенцијата предупреди дека водостојот на Драва ноќеска повторно ќе порасне, а стравуваат дека поплавите можат да го погодат и морскиот брег на Јадранот околу Копер, бидејќи се очекува морето да достигне зголемено ниво и до 3 метри.

Од хрватскиот Штаб за одбрана од поплави оценуваат дека во ваква хидролошка состојба не би требало да имаат поголеми проблеми во Хрватска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица

САД: Издадени предупредувања за ледена бура, Калифорнија се подготвува за поплави

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Големи поплави зафатија делови од Мека и Медина во Саудиска Арабија

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг