Предложен едномесечен притвор за министерот Бојан Бошњак

Од:

Едномесечен притвор беше предложен за Бојан Бошњак, министер за комунална економија, инфраструктура, просторно планирање, градежништво и заштита на животната средина во Владата на кантонот Сараево, кој беше уапсен во петокот во акцијата „Инцитат 2“.

Вршителот на должноста обвинител на Обвинителството на КС му предложи на Општинскиот суд во Сараево на осомничениот Бојан Бошњак да му биде одреден еден месец притвор, соопшти Обвинителството на кантонот Сараево, пренесе РТРС.

Соопштено е дека притворот е предложен поради опасност осомничениот да влијае на сведоци и да прикрие докази, како и опасност од повторување на делото, а се сомничи за злоупотреба на положбата или овластувањето.

Во акцијата „Инцитат 2“ полицијата изврши претрес во просториите на Министерството за комунална економија, инфраструктура, просторно планирање, градежништво и заштита на животната средина во Владата на кантонот Сараево.

Бошњак е под истрага на Обвинителството поради сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на службена положба или овластување, а се сомничи дека дал позитивно мислење по извештајот за стратегиска оцена за влијанието врз животната средина, со којa, како што се наведува во соопштението на Обвинителството, тој сакал да им ги легализира дивите урбанистички проекти на осомничените Ибра Берил и Наѓа Милишиќ.

Би можело да ве интересира

Обвинителство бара притвор за седум полициски службеници од Штип и Кочани осомничени за тешки дела против општата сигурност

А1он

Притвор за Ратко Капушевски и Асмир Јахоски

Дете падна од балкон на четврти кат од зграда во Сараево, почина во болница

Несреќа во Сараево: Дете падна од четврти кат

(ВИДЕО) Голем пожар над Сараево, пожарникарите се борат да го спречат ширењето на пожарот

Притвор за петмина насилници од денешните протести пред Градското собрание на Белград