(ВИДЕО) Голем пожар над Сараево, пожарникарите се борат да го спречат ширењето на пожарот

Од:

Големиот пожар кој денеска избувна на планината Требевиќ над Сараево се уште не е ставен под контрола, потврдија за порталот Klix.ba од Територијалната противпожарна служба на Источна Сараево.

Според последните информации, пожарот континуирано се шири и веќе зафатил значителен дел од шумската површина на оваа планина, која се наоѓа во непосредна близина на главниот град на Босна и Херцеговина.

„Во моментов се води интензивна битка за да се спречи ширењето на пожарот кон станбените згради“, соопштија пожарникарите на местото на настанот, нагласувајќи дека ситуацијата се уште не е под контрола.

На терен се бројни противпожарни екипи кои вложуваат максимални напори за гаснење на пожарот. Причината за пожарот се уште не е позната, а по локализирање на пожарот ќе се врши увид.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

Додик: Србите не се добредојдени во Сараево

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он