Пратеникот во албанскиот Парламент Стерјовски бара да се уважи извештајот на Народниот правобранител за малцинствата

Од:

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција  (МАЕИ) во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски, на денешната пленарна седница позитивно го оцени извештајот за работата на Народниот правобранител за минатата година.

Според него Народниот правобранител е најголема институција за човекови права во Албанија и игра активна улога во подигање на свеста за правата на малцинствата.

-Анализирајќи го годишниот извештај на Народниот правобранител за 2019 година, позитивно ја оценуваме анализата во однос на состојбата за тоа каде сме денес во однос на почитување на правата на малцинствата и какви конкретни мерки треба да преземат надлежните органи за подобрување на правата на малцинства, рече Стерјовски.

Тој посочи дека со цел целосно да се гарантираат правата на малцинствата во Албанија и да се завршат процесите на интеграција, Владата мора што побрзо да рефлектира и да ги спроведе препораките на Народниот правобранител.

-Тоа секако во врска со носењето на подзаконски акти за спроведување на Законот за националните малцинства во Република Албанија, вистинска интеграција на малцинствата на централно и локално ниво, ратификација на Европската повелба за регионални или малцински јазици и организирање нов попис што треба да се спроведе врз основа на најдобрите меѓународни стандарди, нагласи Стерјовски.

Според него Народниот правобранител треба да биде што е можно поблиску до малцинствата и најмалку еднаш годишно да организира отворени денови во областите каде живеат.

-Да ја зголеми соработката со здруженијата што ги претставуваат малцинствата, да организира годишни конференции за да ги анализира правата на малцинствата и да се зголемат капацитетите на институцијата. Повеќе од неопходно е од државниот буџет да се финансира вработувања на по еден член од секое малцинство во нашата земја кои ќе бидат во директен контакт со членовите на малцинствата, побара тој.

Стерјовски смета дека Народниот правобранител треба систематски да ја следи имплементацијата на препораките упатени во однос на почитувањето на правата на малцинствата од страна на институциите на централно и локално ниво и периодично да известува до Собранието за наодите и содветните предлози за решавање на идентификуваните проблеми.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски