ВИДЕО: Пожар во историска зграда во Истанбул каде е сместен престижен универзитет

Од:

Пожар избувна во историска зграда во Истанбул каде сега е сместен престижниот универзитет Галатасарај. Нема жртви во пожарот, јавуваат турски медиуми.

За време на пожарот во зградата немало студенти, а персоналот бил евакуиран. Зградата била една од зданијата изградени како дел од дворец од Османлискиот период и користена од фамилијата на султанот.

Сега е дел од универзитетот Галатасарај и во неа се канцеларии на песоналот и членови на факултетот како и книги и документи.

Според претставник од Универзитетот се запалил највисокиот – трети спрат од зградата и брзо се проширил. Најверојатна причина е неисправност на електрична инсталација, јавуваат турски медиуми.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски