Пожар на ферибот со 300 патници во Јадранско Море

Од:

Пожар избувна два часа по полноќ на ферибот, што пловел од Бари за албанскиот пристанишен град Драч, соопшти грчкиот сајт „њуз.ин“, пренесува БТА.

Според првичните податоци пожар избуванал на фериботот „Франческа“, додека тој се наоѓал на седум морски милји од италијанското пристаниште Бари.

Италијанскиот весник „Кориера дела Сера“ објави дека на фериботот имало 300 лица, меѓу кои и екипажот. Пожарот најверојатно избувнал во просторот за моторот.

Италијански пожарникари успеале да се качат на фериботот и да го изгаснат пожарот. Екипажот успешно се справил со ситуацијата и не дозволил создавање паника. Сите патници биле качени на палуба и имало подготвеност за спуштање на чамците за спасување.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Пет работници загинаа во Палермо