Повик за протести во Истанбул

Од:

Турски политички активисти денеска повикаа на одржување собир во центарот на Истанбул во сабота, со што би била одбележана годишнината од почетокот на ланските антивладини протести што ја зафатија цела Турција, јави ДПА.

Ланските протести започнаа како собир против уништувањето на истанбулскиот парк Гези, но набрзо прераснаа во насилни демонстрации против конзервативно-исламистичката Влада на Реџеп Тајип Ердоган, кои траеја неколку недели.

При протестите, на кои според проценките излегоа над два милиони луѓе, загинаа шест лица, а илјадници беа повредени.

Минатата недела протести поради несреќата во рудникот во Сома се одржаа во истанбулската населба Окмејдан, при кои загинаа две лица. Преимерот Ердоган учесниците на овие протести ги нарече терористи.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски