Повеќето пензионери во Босна се на прагот на сиромаштија

Од:

Трошоците за живот во изминатите пет години во Федерацијата БиХ се зголемени за повеќе од 100 отсто, а пензиите се зголемиле само пет проценти, па повеќето пензионери живеат на прагот на сиромаштија.

Минатиот месец во БиХ имало 382.136 пензионери, а просечната пензија изнесувала околу 175 евра. Најниска пензија од околу 155 евра добиваат 235.000 пензионери, односно 62 отсто.

Трошоците за живот не ја следат состојбата на пензиите па нивната материјална и социјална положба се повеќе се влошува, нагласено е на годишната седница на Сојузот на пензионерските здруженија во ФБиХ, на која е предложено итно зголемување на пензиите за најмалку 10 отсто.

Пензионерите бараат и реформа во социјалната заштита и целосно бесплатна здравствена заштита.

Би можело да ве интересира

Комшиќ: Претседателството ќе ги разгледа наводите за руски кампови и терористички ќелии во Босна и Херцеговина

Американски офицер отпуштен поради сексуални престапи во Босна и Херцеговина, ја заврши својата 30-годишна кариера

Додик: Шмит треба да замолчи и да исчезне, а САД не се толку страшна сила за да ги решава работите по телефон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Босанка со пендрек во кафеана го нападна сопругот и неговата љубовница

Горан Наумовски

Снема струја, па осум деца кои се бањаа во базен се затруени со хлор

Молбите на Зеленски ќе бидат слушнати: Ќе му испратат моќни тенкови користени во Босна

А1он