Повеќе од 160 уапсени во Истанбул поради недозволени протести

Од:

Повеќе од 160 лица, меѓу кои и осуммина малолетници, се уапсени во Истанбул поради учество во недозволени протести по повод курдската Нова година – Невруз, јавија турските медиуми.

Истанбулската полиција соопшти дека се уапсени лица, кои сакале да ја празнуваат Невруз, палеле автомобилски гуми, поставувале барикади и ја гаѓале полицијата со камења, петарди и молотови коктели.

Во акциите, извршени во 27 реони во градот, биле одземени 150 молотови коктели, рачно изработена бомба и други запаливи материјали.

Турските власти оваа година го забранија прославувањето на Невруз во многу градови поради безбедносни причини.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски