Потврдени нови 11 случаи на коронавирус во Грција, вкупно 84 (ДПЛ)

Од:

Се наоѓаме во глобална епидемиолошка криза со околу 112 илјади случаи во 110 земји. Грција со 84 случаи, од кои 56 се поврзани со група патници, води битка да се ограничи ширењето на вирусот, изјави министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас на прес-конференцијата по состанокот на Комисијата на експерти во Министерството.

Во Грција попладнево беа потврдени 11 нови случаи на коронавирусот, со што бројот на заразени со Ковид-19 во земјата се искачи на 84 лица, од кои тројца се странски државјани, јави дописничката на МИА од Атина.

– Од потврдените случаи, 27 се хоспитализирани, од кои еден во сериозна состојба, а останатите 57 се домашна изолација, како што соопшти претставникот на Министерството за здравство на Грција, задолжен за коронавирусот, професорот Сотирис Циодрас.

Поголемиот дел од заразените, односно 56,се поврзани со поклоничкото патување во Египет и Израел, 47 патници и девет лица кои биле во контакт со нив.

За четири лица, кои што меѓу новите 11 потврдени случаи, според професорот, не постојат информации од каде се заразени, а во тек е процесот на проверка на контактите.

Министерот за здравство на Грција и професорот предупредија дека се очекува зголемување на бројот случаи во земјата.

-Следните два месеца се особено критични, рече министерот за здравство на Грција.

– Комисијата сака да истакне дека во следните седмици очекуваме, како во целиот свет и како што забележуваме во Европа, дополнително зголемување на случаите во нашата земја, рече професорот Циодрас.

Комисијата на експерти при Министерството за здравство на Грција, на одржаниот состанок, како што соопшти претставникот надлежен за коронавирусот, донела неколку одлуки и дополнителни мерки, меѓу кои:

-откажување на културни и уметнички настани во отворени и затворени простори што вклучуваат над 1000 лица;

-откажување на полумаратонот во Атина;

-строго одржување на мерките на хигиена на било каков собир на над 50 лица, за кои се препорачува да се разгледа можноста за телеконференција, а како пример за ваквите собири, Циодрас ги спомена општинските совети;

На денешната прес-конференција во Министерството за здравство на Грција, акцентот беше посебно ставен на најранливите групи граѓани, за кои професорот рече дека Комисијата на експерти при Министерството препорачува, оние кои имаат здравствени проблеми и се над 70 годишна возраст, лицата со хронични срцеви заболувања, со хронични респираторни проблеми, со дијабетес, да избегнуваат непотребни патувања.

– Обврска и должност на сите нас е заштитата на ранливите групи граѓани. Тука нема место за неодговорност. Не може да биде „правам што сакам, ги игнорирам препораките на државата и особено на експертите“. Барам од ранливите групи да седат дома. Барам од оние кои имаат симптоми на грип да останат дома. Да се ограничи нивното движење и да се движат само кога е апсолутно неопходно. Од сите барам поголема одговорност за да се ограничи ширењето на болеста во нашата земја. Следните два месеца се особено критични, рече грчкиот министер за здравство Василис Кикиљас.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Морничав случај во Грција: Син го запалил телото на татко му, делови пронајдени во корпа

Мицотакис: Во овие околности меморандумите нема да се ратификуваат во грчкиот Парламент

Маринакис: Другата страна не ги почитува основните работи, односно името на земјата, која не се вика Македонија, туку Северна Македонија

Каселакис: Меморандумите се позитивни за Грција и од геополитички и од економски причини

Сè додека трае оваа ситуација нема да ги ратификуваме меморандумите, повторно порака од Грција

Катерина Ѓуровски

Грчкиот Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф

Катерина Ѓуровски