Поставен камен-темелник на македонската црква во Загреб

Од:

Во главниот град на Хрватска, Загреб денеска беше поставен камен-темелник на македонската православна црква „Света Злата Мегленска“. На церемонијата присуствуваше министерот за надворешни работи Никола Попоски кој одржа пригоден говор, а од хрватска страна се обрати претседателот на Собранието, Јосип Леко.

Со светата архиерејска литургија чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение со митрополититот европски г. Пимен и митрополитот кумановско-осоговски г. Јосиф.

На настанот присуствуваа високи гости од хрватскиот и македонскиот верски, политички и културен живот.

Министерот Попоски истакна дека заемната соработка во однос на негувањето и поддршката на сопствените национални заедници кои живеат на територијата на двете земји е на исклучително високо ниво, а со претседателот на хрватското Собрание Леко, се согласија дека македонската заедница во Хрватска претставува особено успешен пример за тоа како треба да се гради и развива меѓусебниот однос на малцинските заедници со државите во кои живеат, но и односот и врските со државата од каде потекнуваат.

– Историјата не е само минато. Секоја генерација добива обврска да доврши некој проект кој претходните генерации го започнале. Затоа, за нас денеска претставува посебна привилегија што на денот на патронот Света Злата Мегленска, токму ние ја имаме честа и благословот со темелите на оваа Црква, да го започнеме проектот за зацврстување на духовната сплотеност на Македонците од Осиек, Сплит, Загреб, Пула, Задар и Риека, но и на секој друг добронамерен верник, потенцира Попоски

Тој посочи дека негувањето и поддршката на националните заедници кои живет во двете земји е на многу високо ниво.

– Третманот на Хрватите во Македонија и Македонците во Хрватска се цел кон која треба да се стремат во друга средина, а не само на Балканот. Може да сме среќни со така високо ниво на интеграција и поддршка, нагласи министерот Попоски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски