Постар човек плаќал за криптовалути три години – измамен е за десетици илјади евра

Од:

Хрватската полиција извести дека интензивно трага по сторителите кои измамиле постар маж од Осиек и му украле десетици илјади евра. Имено, од декември 2020 година до април 2022 година, 84-годишникот контактирал со наводни компании кои инвестираат во криптовалути преку Интернет.

Жртвата добивала инструкции од измамниците како да ги уплати парите и повеќепати уплаќала одредени суми на различни сметки во странство. Лажниот брокер го наговорил мажот да инсталира апликација на неговиот компјутер, преку која се поврзал со компјутерот на 84-годишникот и на овој начин направил неколку финансиски трансакции купувајќи различни криптовалути.

Измамникот го оштетил 84-годишникот за неколку десетици илјади евра. Полицијата интензивно трага по сторителот.

Би можело да ве интересира

Биткоинот паѓа: Пазарот на криптовалути „во црвено“

Како се криел во Белград најбараниот криминалец во светот: Се возел со скапи автомобили, сосед му бил полицаец

Копачите на криптовалути се свртуваат кон сончевата енергија поради скапата струја

Ана Ололовска

Во Британија лани повеќе се вложувало во крипто-валути отколку во акции

Ана Ололовска

Етереум ја надмина вредноста од 3.400 долари

Ана Ололовска

Фејсбук конечно ќе ја лансира криптовалутата „Либра“ во јануари, тврди „Фајненшл Тајмс“

Жарко Настоски