Копачите на криптовалути се свртуваат кон сончевата енергија поради скапата струја

Од:

Две американски технолошки компании, Блок и Блокстрим, подготвуваат центар за ископување биткоини кој целосно ќе се напојува од сончевите зраци. Проектот започнува во јуни, а целта на неговите создавачи е да ги направат криптовалутите поевтини и поеколошки.

Групата за дигитално плаќање Блок, претходно наречена Сквер, и експертот за блокчејн Блокстрим, инвестираа по шест милиони долари во пилот-проектот, кој се очекува да произведува околу 0,1 биткоин дневно, изјави извршниот директор на Блокстрим, Адам Бек.

Експерименталниот центар ќе биде лоциран во Западен Тексас и ќе биде опремен со соларни панели и батерии на Тесла.

Центарот за создавање биткоини може да го користи само вишокот капацитет на објектите кои генерираат обновлива енергија, при што најголемиот дел од електричната енергија оди за обична потрошувачка на домаќинствата и деловните субјекти.

Копањето на биткоини бара серија сложени компјутерски пресметки кои бараат зголемено количество на електрична енергија.

Ова не е прв проект за криптовалути кој целосно се потпира на обновлива енергија.

Во Салвадор, каде биткоинот веќе е официјална валута, ископувањето се одвива во геотермална централа која користи енергија од блиските вулкани.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Кралот на криптовалутите кој е уапсен во Подгорица ја негираше вината: Понуди 400.000 евра да се брани од слобода

Како се криел во Белград најбараниот криминалец во светот: Се возел со скапи автомобили, сосед му бил полицаец

Најбараниот криминалец во светот се криел на Дедиње, неговиот сосед бил висок функционер во српското МВР

Ана Ололовска

Постар човек плаќал за криптовалути три години – измамен е за десетици илјади евра

Горан Наумовски

Конфискувани 700 милиони долари од Банкмен-Фрид

Горан Наумовски