Портпаролката на Европската комисија: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ

Од:

Портпаролката на Европската комисија (ЕК) Ана Писонеро Хернандез во писмен одговор за Гласот на Америка оцени дека „иднината на целиот Западен Балкан е во ЕУ“, во врска со текстот на агенцијата Ројтерс, во кој се наведува дека не постои согласност за членството на шесте земји од Западен Балкан.

Ројтерс се повикува на неименувани дипломати и пишува дека ЕУ, во страв од политички реакции во земјите-членки, повеќе не може да се согласи за давање гаранции за идно членство на шесте балкански држави на кои тоа своевремено им беше ветено, потсетува Гласот на Америка на српски јазик.

Писонеро наведува дека „Европската комисија е цврсто посветена на подобрување на процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ги Албанија и Северна Македонија“.

– Двете земји ги исполнија своите обврски и ние во целост го поддржуваме формалниот почеток на пристапните преговори до крајот на годината, како што нагласи и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен за време на нејзината посета на регионот. Иднината на целиот Западен Балкан е во ЕУ, наведува портпаролката на ЕК.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

„Политико“: Европската Комисија отворена за нови начини на финансирање на одбраната во Источна Европа

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7