Поранешниот албански претседател и премиер Сали Бериша во куќен притвор

Од:

Суд во Алабанија денеска нареди поранешниот претседател и премиер Сали Бериша да биде ставен во домашен притвор по обвинувањата за корупција за време на неговото владеење. Обвинителите го обвинуваат Бериша (79) за злоупотреба на власта додека беше премиер помеѓу 2005 и 2009 година, кога, наводно, го фаворизирал својот зет во приватизацијата на државното земјиште.

Бериша сега е лидер на најголемата албанска опозициска партија, Демократската партија. „Судот го прифати барањето на обвинителот за промена на претходната мерка и сега му одреди домашен притвор на Бериша без можност да ја напушти земјата“, изјави адвокатот на Бериша, Генц Ѓокутај по одлуката на судот.

Ѓокутај рече дека Бериша ќе поднесе жалба на пресудата. Поранешниот премиер ги негираше тврдењата на обвинителот, обвинувајќи го актуелниот премиер Еди Рама за политички прогон за да ја замолчи опозицијата. Бериша беше претседател од 1992 до 1997 година по турбулентниот пад на комунизмот, а потоа и премиер од 2005 до 2013 година.

Во 2021 година, САД им забранија на Бериша и неговото семејство да влезат во земјата, а Стејт департментот го обвини дека бил вмешан во „коруптивни дела“ за време на неговиот мандат како премиер, вклучително и злоупотреба на моќта и збогатување на роднини и политички сојузници.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски