Поранешен терорист откри дека во БиХ се создала Ал Каеда

Од:

„Мојот пријател Калид Ал Хаџ, кој подоцна стана лидер на Ал Каеда во Саудиска Арабија и јас бевме во БиХ за да станеме муџахедини“- изјави поранешниот терорист Ајмен Дин, кој додал дека во тек на војната во Босна и Херцеговина се создале лидерите на озлогласената терористичка организација.

Дин кој што потекнува од Саудиска Арабија и кој што е еден од основачите на Ал Каеда за „ВВС“ рече дека на терористичката организација на некој начин е создадена во БиХ, бидејќи во таа држава се обучувале и создавале идните лидери на Ал Каеда.

-Босанските муслимани беа во смртна опасност. Би рекол дека тоа е едно искуство кое ми ги отвори очите. Имав чувство дека учествувам во пишувањето на историјата-вели тој и додава дека единствена цел им била да го одбранат босанскиот народ.

По четири години Дин, станал британски шпион, собирал информации за лидерите на Ал Каеда, а бил откриен пред осум години.

-На крајот на војната во БиХ, повеќето од борците започнаа да го усвојуваат антизападното чувство дека меѓународната заедница подготвува завера против муслиманите и поради тоа сметаа дека Запад се бори против исламот како религија. Тоа доведе до радикализација, па не им беше тешко од муџахедини да се трансформираат во радикални џихадисти – изјавил Дин.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски