Порака од Самитот „Брдо-Бриони“: ЕУ да ја остави вратата отворена

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета, кој денеска беше домаќин на состанокот на лидерите на земјите во Процесот „Брдо-Бриони“, на заедничката прес-конференција со неговите колеги од Хрватска, Словенија и Полска, изјави дека на состанокот е постигната согласност за потесна соработка и задничко ангажирање со цел да се зачува мирот и безбедноста во регионот.

-Се заложивме за потесна соработка. Балканскиот регион имаше позитивни движења. Посветеност на сите за мир и безбедност во регионот. На следниот самит домаќин ќе биде Словенија и верувам со присуство на Гутереш, кого решивме да го поканиме. Би сакал да го изразам своето задоволство не само за учеството и конструктивните пораки, туку и да изразам убедување дека присуството на претседателот на Полска и претседателите на двете земји-основачи е многу важно за заклучоците од овој самит да се слушне уште повеќе во деновите и неделите кои доаѓаат во земјите-членки на ЕУ, изјави Мета.

Тој додаде дека ги поттикнуваат Косово и Србја да постигнат спроведлив договор.

– Сите ние би сакале тој дијалог меѓу Србија и Косово да завршеше вчера, а не денеска или утре. Ние ги охрабривме двете страни да се фокусираат на спроведлив и правно обврзувачки договор што е можно поскоро со посредство на ЕК, рече Мета.

Во врска со присуството на Претседателот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, Мета рече дека тој уредно бил поканет и е добредојден.

Шефот на полската држава, Анджеј Дуда, кој присуствуваше како специјален гостин, истакна дека „ЕУ треба да ја остави вратата отворена за нови членки“

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ му се заблагодари на Мета за добро организираната средба и гостопримството, нагласувајќи ја поддршката за Албанја и за Северна Македонија за членство во ЕУ.

-Хрватска ќе го поддржи отворањето на преговорите за Северна Македонија и Албанија. Ние сакаме визна либерализација за Косово. Ние поддржуваме процес врз основа на заслуги и секоја земја треба да ги прави потребните чекори. Се плашам од сегашната ситуација, бидејќи создаваме вакуум за Балканот сметам дека тој треба да се пополни. Хрватска ќе го преземе претседавањето во средната на 2020 година и за време на нашето претседателство ќе настојуваме Југоисточна Европа да ја внесеме во агендата. За танго се потребни двајца. Ќе ве поддржиме, но Вие мора да преземете неопходни чекори, рече Китаровиќ.

Најавено е дека ќе бидат објавени заклучоците донесени на денешната средба.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија