Поради невремето можни доцнења и откажувања на летовите на белградскиот аеродром

Од:

Поради денешната забрана за полнење гориво и привремениот прекин на електричната енергија на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, поради неповолните временски услови, како и губењето на аеродромските слотови, може да има доцнења, па дури и потенцијално откажување на одреден број летови планирани во текот на ден, соопшти компанијата „Ер Србија“.

Како резултат на тоа, може да има неповолно влијание врз сообраќајот на српската национална авиокомпанија во вечерните часови, како и во ноќните часови, се додава во соопштението.

Како што се посочува, надлежните служби на српската национална авиокомпанија прават се што е во нивна моќ да ги згрижат сите патници чии летови ќе доцнат или откажат. За повеќе информации, патниците можат да се јават во Контакт центарот на Ер Србија.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Тргнаа 11 автобуси од Македонија: Поддршка за Србија

А1он

(ВИДЕО) Драма на стрелиште во Белград: Маж се заклучи и се заканува дека ќе се самоубие

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Скандалозно однесување на блокaдерите, нов инцидент во Нови Сад: Постара жена турната

Авион од САД за Кина морал да се врати на половина пат бидејќи пилотот не го носел пасошот

Се урна авион во близина на Белград, пилотот е извлечен од вода

Во Белград в сабота ќе се одржи хуманитарен концерт во спомен на загинатите во Кочани