Во Белград в сабота ќе се одржи хуманитарен концерт во спомен на загинатите во Кочани

Од:

Хуманитарен концерт во спомен на загинатите во трагичниот пожар во Кочани – проект „Мевлем“ – ќе се одржи в сабота на 29 март во културниот дом Пароброд во Белград, соопшти Белградската музичка младина.

„Мевлем“ е уметнички концепт на композиторот и поет Марко Виденовиќ кој ги поврзува музиката и поезијата, создавајќи простор за подлабоко разбирање, исцелување и сочувство преку уметноста, јави МИА од Белград.

Проектот „на публиката и нуди уникатно емотивно искуство, суптилно допирајќи ги темите на загубата, љубовта, сеќавањето и надежта“, се вели во соопштението.

„Концертот е можност колективно да се изрази солидарноста со повредените и нивните семејства и да се оддаде почит на жртвите од трагедијата. Влезот е бесплатен, а секој кој е во можност да донира пари ќе биде добредојден. Сите собрани пари ќе бидат наменети за семејствата на повредените за време на пожарот“.

Ќе настапат Марко Виденовиќ (пијано/рецитација), Памела Велкова (виолина), Верица Ајтовска (виола) и Енис Алји (виолончело).

Концертот (сабота,19:00 часот), го организира Белградската музичка младина и долгогодишен пријател – Музичката младина на Северна Македонија, се вели во соопштението. „Нека „Мевлем“ биде лек за целото наше општество“, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Терористот Дарио (18) од Бела Река, кој се водеше како исчезнат, се обиде да убие жандарм во Белград

Горан Наумовски

Терористички напад во Белград во близина на израелската амбасада: Дачиќ прогласи ЦРВЕН степен на опасност од тероризам

Братот на престседателката на Кривичен суд меѓу новообвинетите за „Пулс“

Заврши сослушувањето на вештакот Русески за „Пулс“, остана на ставот дека немало реконструкција на објектот

Јаков Јозиновиќ ги одложи концертите во Белград

А1он

Ја допирал внуката по телото и се обидел да ја бакне в уста – уапсен е 64 годишник

А1он